Загинаа тројца македонски државјани во сообраќајка во Словенија

Од:

Тројца македонски државјани загинаа денеска во Словенија, во тешка сообраќајна несреќа што се случи околу 16:30 часот на приморски автопат.

Автомобил со пет лица удри во приколка на товарно возило.

Првичните информации на Полициската управа Копер се дека товарното возило поради дефект е запрено, а автомобилот удри во задниот лев дел од приколката.

Во автомобилот патуваа пет лица, сите македонски државјани, а лекар на местото на несреќата ја потврди смртта кај три лица, додека едно повредено лице е пренесено во болница со хеликоптер.

Повреден е и возачот на автомобилот, кој со возило на итната медицинска помош е пренесен на болничко лекување.

Словенечките власти засега не објавија податоци за идентитетот, возраста и здравствената состојба на преживеаните.

На местото интервенираа повеќе полициски патроли, пожарникари и медицински екипи.

Би можело да ве интересира

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Ја уби партнерката, па ја преплива реката Драва – го фатија близу местото на злосторството

А1он

Јанша комплетно ја менува политиката на Словенија: Израел добива резидентен амбасадор во Љубљана

Од Израел му честитаа на Јанша за одлуката да го повлече признавањето на Палестина: „Ова е вистинската страна на историјата“

Словенија доби нова влада, Јанша е премиер

Словенија забрани слетување на израелски авион, летот беше пренасочен кон Хрватска

А1он