УЕФА подготвува кривична пријава против Џани Инфантино

Од:

Европската фудбалска унија (УЕФА) подготвува кривична пријава против претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, пред швајцарските судови.

Причината е можна финансиска злоупотреба поврзана со неговиот неуспешен план за продажба на идните приходи од Светското првенство на приватни инвеститори.

УЕФА денеска соопшти дека поднела документи до судот во Менхетен, Њујорк, барајќи дозвола за прибавување потенцијални докази од инвестицискиот фонд „Thrive Capital Management“ со седиште во Њујорк, основан од бизнисменот и милијардер Џошуа Кушнер.
За разлика од неговиот брат Џаред Кушнер, советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џошуа не е поддржувач на владејачките републиканци, туку на опозициските демократи.

УЕФА исто така поднесе барање до суд во Јужна Флорида за дозвола за прибавување докази „во странска постапка“ против самата ФИФА, чии канцеларии се наоѓаат во предградието на Мајами, Корал Гејблс.

„Thrive“ и Кушнер требаше да бидат главните инвеститори кои ќе ѝ исплатеа на ФИФА 4,2 милијарди долари за 20-процентен удел во подружница што би управувала со комерцијалните настани на фудбалската организација, вклучително и Светското првенство.

„УЕФА и нејзините правни застапници размислуваат за поведување кривична постапка во Швајцарија против Инфантино и евентуално други функционери на ФИФА за кривично дело според член 158 од Швајцарскиот кривичен законик“, наведоа адвокатите на УЕФА во документ од 56 страници до кој дојде агенцијата „Асошиејтед прес“.

Во документот се сугерира дека износот од 4,2 милијарди долари можеби претставува „цена утврдена преку измама, која не одговарала на пазарната вредност и била промовирана од Инфантино за негова лична корист“.

На 1 август, Инфантино се откажа од планот за продажба по бурните реакции на челниците на светскиот фудбал, вклучително и УЕФА.

Би можело да ве интересира

Нов скандал на Џани Инфантино

Инфантино со силна поддршка од Советот на ФИФА – на повидок нов претседателски мандат

Горан Наумовски

Се намалува поддршката за Инфантино: Од регионов, Србија и Хрватска против негов нов мандат во ФИФА

ФИФА се повлече од контроверзниот план, Инфантино доби едногласна поддршка

ВИДЕО: Инфантино призна пораз, го повлече контроверзниот план за Светското првенство

Катерина Ѓуровски

Германски политичар бара забрана за Инфантино на сите стадиони во земјата