Бројот на загинати во поплавите во Непал се искачи на 359, додека повеќе од 1.300 луѓе се водат како исчезнати, од кои повеќето се странски државјани, соопшти денеска непалската полиција.
Спасувачките екипи трагаат по преживеани откако разорна ненадејна поплава ја погоди границата меѓу Непал и Кина, објави Би-Би-Си.
Експертите сметаат дека причина за поплавите не бил земјотрес, туку „уривање на глечер и покренување на поплава од наноси“, изразувајќи загриженост за можни „втор и трет бран“ што би можеле да бидат предизвикани од наносите во реките.
Меѓу повеќе од 1.300-те лица кои се водат како исчезнати по поројните поплави во пограничниот регион меѓу Кина и Непал – предизвикани од уривање на глечер во Тибет – се наоѓа и еден српски државјанин, соопшти денеска Националната туристичка организација на Непал.
Многу од исчезнатите се странци кои престојувале во погоденото подрачје поради планинарење или аџилак до свето хиндуистичко место.
