ЦУК: Активни се седум пожари, два се под контрола

Од:

ЦУК извести дека денеска до 18:30 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои 7 се активни, два се под контрола, а 12 се изгаснати.

Активни пожари – 7:
Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума;
Општина Македонски Брод – м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица, ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки;
Општина Струмица – с. Пиперово, ниска вегетација;
Општина Сарај – с. Бојане, мешана шума;
Општина Берово – с. Митрашинци, дабова шума и ниска вегетација;
Општина Петровец – с. Сушица, нискостеблеста шума;
Општина Гостивар – с. Трново, мешана шума.

Пожари под контрола – 2:
Општина Кичево – с. Тајмиште, м.в. Дарда, високостеблеста букова шума;
Општина Битола – с. Мегленци, ниска вегетација.

Изгаснати пожари – 12:
Општина Струмица – ул. Ристо Ќурчиев, ѓубре;
Општина Василево – с. Пиперево, ниска вегетација и ѓубре;
Општина Делчево – с. Бигла, борова и дабова шума и ниска вегетација;
Општина Куманово – ул. Ѓорче Петров, ѓубре;
Општина Јегуновце – с. Туденце, ниска вегетација;
Општина Гостивар – с. Горна Ѓоновица, ниска вегетација;
Општина Гостивар – с. Чајле, ниска вегетација;
Општина Врапчиште – с. Ломница и с. Ѓурѓевиште, мешана шума;
Општина Демир Хисар – с. Слепче, ниска вегетација;
Општина Пробиштип – с. Гујновци, ниска вегетација и објекти;
Општина Илинден – Арачиновски канал, ниска вегетација;
Општина Илинден – с. Бујковци, ниска вегетација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ставен е под контрола пожарот на Жеден

Михаилов: Ова што ни се случува на планината Китка е тероризам

Локализиран e пожарот кај селото Гујновци во Пробиштип

Директорот на ЦУК објави „спасено теле“ од Палиград, а фотографијата е стара шест години

(ВИДЕО) Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот на планината Китка е најтежок за гасење, во земјава активни се пет пожари