Путин: Нема толеранција за величењето на нацизмот

Од:

Величењето на нацизмот во Украина е дел од проблемот и Русија нема да го толерира тоа, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Актуелните украински власти го направија неонацизмот основа на својата државна идеологија. Тоа е страшно и ние не можеме и нема да го толерираме. Токму тоа е една од причините за спроведување на специјалната воена операција – борбата против неонацизмот, против русофобијата и против обидите да се искорени сè што е руско, нашата култура и нашата историја“, рече Путин во интервју за порталот „Вести“.

Тој додаде дека дури и земјите што денес не ја сакаат Русија можат да го видат подемот на нацизмот во Украина.

Путин изјави дека Киев ја вградил нацистичката идеологија во темелите на својата државност.

Рускиот претседател оцени дека Полска сериозно и внимателно ја следи идеологијата на неонацизмот во Украина.

Би можело да ве интересира

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот