Нема доволно гас: Германија стравува за зимата

Од:

Германските енергетски компании стравуваат дека складиштата за природен гас нема да успеат навреме да се наполнат до посакуваното ниво пред почетокот на зимата.
Керстин Андреа, претседателка на Германското здружение на енергетски и водоснабдителни компании, изјавила дека достигнувањето на 80 проценти исполнетост на складиштата би било многу тешко, имајќи предвид дека резервите во моментот се на околу 50 проценти.

Германската влада веќе ја намалила целта за наполнетост пред зимата од 80 на 70 проценти, но и тоа ниво се оценува како многу амбициозно.

Дополнителен проблем претставуваат високите цени на гасот, поради кои енергетските компании не купуваат доволни количества за создавање резерви.

Според германскиот енергетски сектор, состојбата на пазарот годинава била дополнително нарушена од геополитичките случувања, што влијаело врз снабдувањето и цените.

Во истиот период минатата година германските складишта биле исполнети со околу 67 проценти, што покажува дека годинава резервите биле на значително пониско ниво.

Од енергетскиот сектор било предложено државата да воведе даночни олеснувања за компаниите, со цел купувањето гас по актуелните повисоки цени да стане поисплатливо.

Би можело да ве интересира

АфД бара укинување на Европскиот парламент и промена на еврото

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година

Захарова: Русија не се откажува од своето хуманитарно и културно присуство во Германија

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ

Мерц: Реформите ми се поважни од популарноста, не сакам да бидам миленик на нацијата