Tачи: Очекувам да бидам ослободен од обвиненијата по сите точки

Од:

Поранешниот претседател на Косово и лидер на некогашната ОВК – Хашим Тачи, изјави дека очекува да биде ослободен од обвиненијата по сите точки од обвинителниот акт во тековното судење против него пред Специјализираните совети на Косово во Хаг.

На прашањето какви се неговите очекувања, Тачи рече дека очекува да биде ослободен по секоја точка од обвинението.

– Немам што да додадам на аргументите на одбраната, ниту на мојот завршен говор во судницата – изјави Тачи за „Дукаѓини“.

Прашан дали жали за иницијативата за формирање на Специјализираните совети со седиште во Хаг, Тачи одговори дека не жали, но го критикуваше начинот на кој, според него, била искористена волјата на косовските институции.

– Не, но не верував дека волјата на избраните претставници на народот на Косово ќе биде толку брутално злоупотребена – нагласи тој и зборуваше за можноста процесот да има влијание и надвор од неговиот случај:

– Нема да има инкриминирање на меѓународни лица. Но, дали тоа ќе влијае на напредокот на меѓународната правда? Секако дека ќе влијае, и тоа значително – рече Тачи.

Осврнувајќи се на обвинувањата на Специјализираното обвинителство дека неговото враќање од дијаспората влијаело врз растот и масовноста на ОВК, Тачи изјави дека неговите постапки биле дел од поширокиот ангажман на Албанците од дијаспората.

– Сега ме обвинуваат дека моето враќање од дијаспората влијаело врз растот и масовноста на ОВК. Го направив она што го направија многу млади Албанци од дијаспората за време на неделите и месеците на отпор. Не го донесов отпорот во куфер од Западот во Косово – рече Тачи.

На прашањето како гледа на фактот што Албин Курти, кој го врши техничкиот мандат како премиер на Косово, не посети ниту еден од четворицата поранешни лидери на ОВК во Хаг, Тачи одговори дека не сака да се занимава со расположението или однесувањето на другите.

Би можело да ве интересира

Дарко Младиќ: Се сомневаме дека татко ми доживеа уште еден мозочен удар!

А1он

Зеленски од Белград порача дека нема да го признае Косово, стигна одговор од Еди Рама

Приштина реагира на ставот на Зеленски за Косово: „Нашата државност мора да се почитува“

Пукање во близина на Дечани: Има мртви

Горан Наумовски

Курти пред победа на изборите во Косово

Алијансата за иднината на Косово доби нов претседател по заминувањето на Харадинај