Трагедија во Алјаска: Се урна авион, нема преживеани

Од:

Мал авион со осум лица се урна во оддалечен дел од Алјаска, а според последните информации, никој не преживеал.

Командата на Алјаска ја потврди авионската несреќа и рече дека нема преживеани, пренесува Ројтерс.

Шефот на Националниот одбор за безбедност на сообраќајот за регионот Алјаска, Клинт Џонсон, претходно изјави дека во авионот имало двајца пилоти и шест патници.

Цесна 441, која полетала од Анкориџ, била на пат кон радарската локација Кејп Њуенхам и се урна западно од аеродромот на радарската локација, според американската Федерална администрација за воздухопловство (FAA).

Во објава на социјалните мрежи, гувернерот на Алјаска, Мајк Данливи, изјави дека Националната гарда на Алјаска спроведува операција за пребарување и спасување.

Сенаторката од Алјаска, Лиза Мурковски, во објава на социјалните мрежи, изрази сочувство до народот на Алјаска.

„Се придружувам на луѓето од Алјаска во изразувањето на нашето сочувство по дознавањето за авионската несреќа кај Кејп Њуенхам. Алјаска се моли за оние во авионот, нивните најблиски и тимот на „Сејкјурити авиејшн“, рече Мерковски, идентификувајќи го летот како управуван од „Сејкјурити авиејшн“, која нуди чартер летови низ цела Алјаска.

Би можело да ве интересира

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

Аракчи: Ако Америка е искрена, мора да се придржува до нашите услови

Пезешкијан: Заканите и санкциите мора да се укинат за да се отвори пат за дијалог

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација