Земјотрес со магнитуда од 7,2 степени по Рихтеровата скала денес го погоди јужен Перу, соопшти Националниот сеизмолошки центар (ЦЕНЗИС).
MAGNITUDO 7.2 EARTHQUAKE SHAKES PERU
Thursday, 20th August 2026 pic.twitter.com/8QqsbSk3oi
— Agraprana Pahlawan (@skynewsagra) August 20, 2026
Епицентарот на земјотресот се наоѓал 35 километри северно од Коракоара, во покраината Паринакочас. Според објавените информации, земјотресот бил опишан како „брановиден земјотрес“, хоризонтално движење на земјата што се манифестира како нишање и брановидни површини.
Земјотресот бил почувствуван низ целиот јужен Перу, а во Лима, тресењето било почувствувано главно во горните делови на зградите.
Досега не се пријавени штети или жртви по земјотресот.
