Русија ги повикува своите граѓани во странство да бидат претпазливи и да не подлегнуваат на провокации од „антисоцијални сили“ пред изборите за Државната дума, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
– Ги повикуваме сите руски граѓани, особено оние во странство, да бидат претпазливи и да не подлегнуваат на провокации, изјави Захарова на брифинг.
Според неа, постои голема веројатност „антисоцијални сили“ во странство да организираат екстремистички и протестни акции.
Захарова оцени дека целта на ваквите активности би била да се дискредитира изборниот процес на Државната дума.
Пред изборите, руските претставници предупредуваат и на обиди за измама поврзана со изборите.
Антон Немкин, член на Комитетот за информатичка политика на Државната дума и федерален координатор на проектот „Дигитална Русија“ на партијата Обединета Русија, предупреди на 15 август дека измамниците им нудат на граѓаните да учествуваат во лажни анкети, претставувајќи ги како официјални иницијативи на политички партии и ветувајќи им на учесниците парични исплати.
Изборите за Државната дума на Русија ќе се одржат во септември.
