ВМРО – ДПМНЕ: Македонија е четврта најниско задолжена земја во Европа

Од:

Цела Европа е во рецесија, а Република Македонија е четврта најниско задолжена во Европа и во последните три години има меѓу најниските буџетски дефицити во Европа, но Зоран Јовановски тоа не го споменува, реагира ВМРО – ДПМНЕ на прес – конференцијата на Јовановски.

Невработеноста во Република Македонија во последните три години не е зголемена, додека во цела Европа многукратно се зголеми, а Македонија, се подвлекува во реакцијата, е една од неколкуте држави во Европа, која во период на криза, не ги зголеми даноците, како што направија најголемиот дел од земјите во ЕУ, но и тоа, се вели, не го споменува Зоран Јовановски.

– Македонија е една од ретките држави која не ги намали платите во војската, платите во полицијата, платите на здравствените работници и вработените во образованието во период на криза, како што направија најголемиот дел од земјите. Но и тоа Зоран Јовановски не сака да го каже. Во овие години на криза Македонија не ги намали пензиите, како што направија многу земји во Европа, туку успеа да ги покачи за 36 проценти, но и овој податок Јовановски не сака да го каже, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

После сите овие факти, се потенцира, кој е кредибилитетот на Зоран Јовановски и СДСМ.

Партијата на Бранко Црвенковски, која оствари рекордна невработеност од 38 проценти без криза, сега критикува за невработеност од 31,6 проценти во услови на најголемата светска криза, се посочува во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито