Трамп го присвои Ормутскиот Теснец како американска територија, Иранците одговорија со промена на мапата на САД

Од:

Иранските дипломати одговорија на новите провокации на американскиот претседател Доналд Трамп, поврзани со територијата на Ормутскиот Теснец.

Имено, Доналд Трамп на социјалните мрежи објави слика од мапа на која Ормутскиот Теснец е означен како нова американска територија.

Објавата на Трамп, која беше објавена без дополнителен коментар, следуваше откако минатата недела тој изјави дека наскоро ќе го прогласи Ормускиот Теснец за територија на Соединетите Американски Држави.

Иранците, сепак, не чекаа долго за да одговорат на провокацијата на Трамп.

Генералниот конзулат на Иран во Индија објави мапа на Соединетите Американски Држави, на која со друга боја е означена територијата на Калифорнија.

„Нова територија на Исламската Република Иран“, напишаа од официјалниот профил на конзулатот на социјалната мрежа X.

Би можело да ве интересира

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Кулеба: Америка веќе нема желба да ја спонзорира Украина

Четири милијарди долари за Иран преку крипто фирма од Варшава

Техеран му возвраќа на Трамп: Калифорнија е „нова територија на Исламската Република Иран“

„Фокс њуз“: САД за сè беа известени однапред

Горан Наумовски

САД: Ирански хакери украле 31,5 терабајти податоци од универзитети и компании