Грчката крајбрежна стража денес соопшти дека шест лица се повредени кога туристички брод удрил во бетонски блокови при враќањето во пристаништето Агиос Николаос Волимон на грчкиот остров Закинтос.
Инцидентот се случил синоќа, по завршувањето на крстарењето со разгледување знаменитости, објавува „Катимерини“.
На бродот имало вкупно 24 патници и двајца членови на екипажот.
