Пет активни пожари, еден под контрола, а шест се изгаснати

Од:

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот на отворен простор регистрирани се вкупно 12 пожари, од кои пет се активни, еден е под контрола, а шест се изгаснати.

-Во моментов се активни пет пожари – Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Општини Јегуновце и Сарај: с. Копанце и с. Туденце, со проширување кон с. Бојане (мешана шума). Општина Прилеп: с. Чаниште (ниска вегетација). Општина Старо Нагоричане: с. Орах, с. Диманце и с. Руганце (шумски пожар, при што е зафатена куќа), информираат од ЦУК.

Оттаму додаваат дека пожарот кај депонијата во Општина Делчево е под контрола, а изгаснати се пожарите кај Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација), Општина Кратово: с. Железница (депонија), Општина Ранковце: с. Ветуница (ниска вегетација), Општини Велес и Зелениково: с. С’лп, м.в. Горно Село, со проширување кон с. Карабуниште и с. Бузалково, како и кон селата Добрино и Тисовица (ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума).

Исто така изгаснати се пожарите и во Општина Студеничани во с. Батинци (ниска вегетација) и во Општина Зелениково: с. Палиград (ниска вегетација и шума).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он