СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

Од:

СДСМ денеска побара од Јавното обвинителство да отвори истрага за фрлањето бомба во дом во Бардовци, при што изнесе тврдења за можна поврзаност на инцидентот со бизнис-зделки и тендери.

Од СДСМ велат дека бомбата била фрлена на 16 август во домот на Милко Бошковски, за кого тврдат дека е вработен во МВР, во отсекот за организиран криминал. Според партијата, Бошковски е близок соработник и личен пријател на кумот на премиерот Христијан Мицкоски.

СДСМ прашува дали зад инцидентот стои нереализиран бизнис-договор и изнесува сомнежи за наводна провизија од 300.000 евра поврзана со бизниси и тендери. Од партијата побараа Обвинителството да ги провери овие наводи, како и евентуална поврзаност со тендери во РЕК и градежно земјиште во Скопје.

Од СДСМ побараа и одговор од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за случајот, како и проверка на тврдењето дека истиот полициски службеник претходно бил пријавен во Обвинителството за наводно барање мито од 200.000 евра од поранешен градоначалник.

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на СДСМ, оценувајќи ги како „лажни вести“, шпекулации и тврдења без докази.

Од партијата посочуваат дека МВР го објавило инцидентот во својот билтен и нагласуваат дека бомбата не била фрлена во домот на полицаецот, туку во домот на неговиот татко.

„СДС нема докази, само шарена приказна и шпекулации“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Експлозија на бомба во дворот на вработен во МВР

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност