Дарко Младиќ: Се сомневаме дека татко ми доживеа уште еден мозочен удар!

Од:

Дарко Младиќ, синот на генералот Ратко Младиќ, денеска изјави дека стравува оти неговиот татко неодамна доживеa и трет мозочен удар и оти Меѓународниот механизам во Хаг не го извести семејството за тоа.

– Мајка ми и јас сега се подготвуваме за итно патување во Хаг. Веруваме дека татко ми неодамна доживеа трет мозочен удар, а ние не сме известени. Симптомите се слични: тој е многу слаб, едвај може да зборува на телефон, изговара само еден или два збора, и тоа многу тивко – изјави Дарко Младиќ, пренесува „Спутник“.

Според него, затворските лекари не можеа да му дадат на семејството точна дијагноза за состојбата на Младиќ, но пријавија одредени промени во неговиот третман.

Би можело да ве интересира

Обвинителството во Хаг бара казната за Хашим Тачи наместо 25 да биде 31 година затвор

А1он

Четврти ден протести на плоштадот во Приштина против пресудата во Хаг – најавен е собир во Њујорк пред зградата на ОН

А1он

Неколкумина уапсени на протестите во Хаг по пресудите против водачите на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Со воени почести погребан воениот злосторник Младиќ, неговиот син низ солзи порача: Каде што дојде ти со војската, таму денеска има Срби

A1on

БиХ го повлекува персоналот од Амбасадата во Белград: Односите со Србија ги сведуваме на минимум

A1on

Денеска е погребот на Ратко Младиќ

А1он