Бразил овори своја куќа во Лондон за промоција на Рио де Женаиро, домаќин на следните Олимписки игри во 2016 година.
Покрај претставувањето на природните убавини на земјата и на нејзините туристички можности, како и досегашните постигнувања во спортот, уметноста и музиката, оваа голема јужноамериканска земја го промовира и својот економски потенцијал, што придонесе Бразил да биде меѓу трите најбрзи растечки економии во светот, покрај Кина и Индија.
Со програмата на „Каза Бразил“ се предвидени бројни промоции во разни области, организирање на изложби и музички концерти. Отворањето на „Каза Бразил“ и промоцијата на „Рио 2016“ во британскиот главен град беше проследено со концерти на разни музички групи и пејаци.
Бразил како домажин на следната Олимпијада за четири години ќе има своја програма во рамките на свеченото затворање на лондонските Игри на 12 август.
Олимписките игри во Рио де Женаиро ќе бидат првите што же се одржат во една земја од Јужна Америка. Досега на американскиот континент, Олимпијади имаше во САД, во Канада и во Мексико. За две години Рио и Бразил се домаќини и на Светското првенство во фудбал.