Руски опозиционер војната во Украина ja нарече катастрофа – доби 11 години затвор

Од:

Заменик-претседателот на руската либерална партија „Јаблоко“ – Лев Шлосберг денеска е осуден на 11 години и еден месец во казнена колонија поради критиките упатени кон војната во Украина.

За време на судењето, Шлосберг ја нарече катастрофа за Русија, војната против Украина, пренесува Ројтерс.

Шлосберг беше обвинет за дискредитација на руските вооружени сили и за ширење лажни информации за војската.

Во своето завршно обраќање пред судот минатиот петок, тој изјави дека не е виновен и тврдеше дека е жртва на политички процес.

Тој исто така го повтори својот повик за прекин на огнот.

Пресудата против Шлосберг беше изречена кратко по одлуката на Врховниот суд на Русија од 10 август. Со таа одлука, на партијата „Јаблоко“ ѝ беше забрането учество на парламентарните избори што ќе се одржат следниот месец.

Би можело да ве интересира

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Русија се закани: Ќе го поделиме Киев

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри

ЕУ: За жалење е одлуката на САД за укинување на санкциите за рускиот дизел

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он