Иран нуди речиси 30.000 долари за секој убиен или заробен американски војник

Од:

Иранската војска наводно понудила награда од речиси 30.000 долари за секој американски војник кој ќе биде убиен или заробен, објави порталот Avash, повикувајќи се на агенцијата dpa.

Според извештајот, за жените кои би убиле или заробиле американски војници наводно е предвидена двојно поголема награда.

Наградата, како што се наведува, ја понудил Амир Хатами, врховен командант на иранската армија.

Информацијата доаѓа во период на зголемени воени тензии меѓу САД и Иран. Во изминатите недели двете страни повеќепати го прекршиле рамковниот договор од 17 јуни, со кој беше предвиден траен прекин на борбите на сите фронтови.

Засега нема независна потврда за наводната понуда.

Би можело да ве интересира

Трамп: „Можеби наскоро ќе го прогласам Ормутскиот Теснец за американска територија“

Мистерија на брегот на Њу Џерси: Пронајдени речиси 30 мртви ајкули

Лошо расположение и исцрпеност кај американските војници поради војната со Иран

Нетанјаху го навреди Лондон за да му се закани на Техеран: „Британија е првата Исламска Република со нуклеарно оружје“

Три погубувања за еден ден во САД, првпат по речиси 16 години

Иран: САД не го контролира Ормутскиот теснец