Денеска е пронајден мртов директорот на телевизија „Алсат-М“, Лирим Хајредини.
Неговото безживотно тело е пронајдено во близина на трговскиот центар „Мавровка“.
Хајредини беше оперативен директор на првата национална телевизизија на албански јазик „Алсат-М“.
Местото го обезбедува полиција, а телото ќе биде предадено на обдукција.
