Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов информираа дека попладнево пламнаа два пожари на територијата на Скопје.
Според Ангелов, едниот пожар е на територија на Волково каде со интервенција на скопските пожарникари постепено се става под контрола.
Вториот пожар е на територија на општина Сопиште. На овој пожар за интервенција се упатени екипи од скопската противпожарна бригада и четири возила пинцгауер. На помош активирани се и три „ер трактори’.
