Во 10:05 товарен воз на ХЖ Карго и патнички воз на ХЖ се судрија помеѓу станиците Свети Иван Жабно – Градец во близина на Бјеловар.
Според првичните информации, неколку лица се повредени.
Полицијата и амбулантните возила се на местото на настанот. Линијата моментално е затворена за сообраќај.
„Возот тргна од Загреб за Бјеловар во 8:45 часот наутро. Имаше судир, пристигна и хеликоптер кој однесе едно лице“, изјави една од повреените.
