Маск го одбил барањето на Киев „Старлинк“ да се користи за напади длабоко во Русија

Од:

Сопственикот на SpaceX, Елон Маск, одби да ѝ дозволи на украинската војска да ја користи сателитската комуникациска мрежа Starlink за напади длабоко на руска територија.

Киев го побара овој пристап за да го искористи за таргетирање на руските ракетни системи како алтернатива на американските пресретнувачи Patriot, чии залихи се исцрпени поради војната во Иран, објави денес The Atlantic.

За време на состанокот во Белата куќа на 28 јули, украинскиот претседател Володимир Зеленски го замоли американскиот претседател Доналд Трамп да договори разговор со Маск за можноста украинската војска да го користи Starlink за насочување на беспилотни летала за време на напади врз цели длабоко во Русија. Маск одби.

Поранешниот украински министер за дигитална трансформација, Михајло Федоров, кој постигна договор со Маск претходно оваа година за блокирање на користењето на сателитската мрежа од страна на руските сили, продолжува да се обидува да го контактира преку неофицијални канали.

Според United 24 Media, извори блиски до Федоров велат дека во моментов нема позитивна одлука. Маск инсистира на потребата од постигнување мировен договор и го наведува ризикот од ширење на конфликтот доколку на Украина ѝ биде дозволено да извршува напади длабоко на руска територија.

Во моментов, украинските сили можат да го користат Starlink за напад на руски цели само на меѓународно призната територија на Украина, вклучувајќи го Крим и привремено окупираните региони.

Денис Штилерман, коосновач на украинската одбранбена компанија Fire Point, рече дека опремувањето на беспилотните летала со модули Starlink ќе овозможи попрецизни напади врз подвижни цели во Русија.

„Наместо да пукаме со стрели, ќе пукаме кон стрелците“, рече Стилерман.

Тој објасни дека сателитските комуникации на SpaceX во моментов се користат за создавање зона на удар по должината на фронтовските линии на војната на Русија во Украина, но дека користењето на системот во Русија би можело да ја прошири зоната на удар на 500 километри и потенцијално да стигне до Сибир.

На 24 јули, Маск изјави во интервју за The Economist дека Русија нема да ги повлече своите сили од Украина и дека војната може да заврши само со отстапки од Москва.

Во 2022 година, тој исто така одби да му дозволи на Киев да го користи Starlink за удар на руски бродови во Крим, наведувајќи го ризикот од нуклеарна ескалација.

Би можело да ве интересира

Москва: Руските сили извршија ракетен напад врз воено-индустрискиот комплекс во Киев

Христофору до Калас: „Русија напредува, а вие живеете во заблуда“

Нинисто: Русија нема да го нападне НАТО

Кулеба: Расте ризикот од напади врз Украинци во Полска

Украина ги менува правилата на играта: Ветува дека нема да напаѓа танкери

Горан Наумовски

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија