Главниот американски воен командант ја повика Белата куќа да се повлече од конфликтот со Иран

Од:

Претседателот на Здружениот генералштаб на американските вооружени сили, Ден Кејн, веќе неколку недели ја повикува Белата куќа да најде начин за прекин на конфликтот со Иран поради исцрпеност на ефикасните воени сценарија и недостигот на муниција, објави CNN, повикувајќи се на информирани извори.

„Кејн бара излез од овој конфликт со Иран“, цитираше еден од изворите телевизијата.

Генерал Кејн во последните недели одржал серија доверливи состаноци со клучни членови на кабинетот, вклучувајќи го потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марк Рубио и директорот на ЦИА Џон Ратклиф, за да ги усогласи ставовите и да му ги покаже на американскиот претседател Доналд Трамп ризиците и бесмисленоста од понатамошна ескалација околу Иран.

Во американското воено и разузнавачко раководство расте верувањето дека улогата на авијацијата во конфликтот со Иран има свои ограничувања, а тој став го дели и самиот генерал Кејн, се вели во телевизиска најава.

Сериозно одвраќање претставуваат исцрпените залихи на високопрецизни ракети и системи за противвоздушна одбрана на САД, за што претходно пренесоа бројни американски медиуми.

Освен тоа, според Си-Ен-Ен, американската војска верува дека воздушните напади врз инфраструктурата нема да го принудат Иран да капитулира, туку ќе предизвикаат одмазда против сојузниците во Персискиот залив. Во исто време, одлучувачка победа е можна само преку сеопфатна копнена операција, која самиот Трамп и неговата придружба категорично ја отфрлаат поради опасноста од големи загуби.

Американскиот секретар за финансии Скот Бесант рече дека Вашингтон може да склучи договор за прекин на огнот од 30 до 60 дена со Иран уште денес или утре.

Во неделата, Трамп рече дека ги откажал нападите врз Иран во светлината на претстојниот договор за решавање на конфликтот, чии контури вклучуваат отворање на Ормускиот теснец и нуклеарни договори. Министерството за надворешни работи на Иран во средата соопшти дека Иран и Мускат ги договориле географските детали за рутите за минување на бродовите низ Ормутскиот теснец.

Би можело да ве интересира

Трамп најави крај на војните во Иран и Украина

А1он

ВИДЕО: Хутите осовјуваат клучни територии, илјадници цивили бегаат од Јемен

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

ВИДЕО: Иран им се закани на САД

ВИДЕО: Од мала планинска милиција до моќна воена сила – подемот на Хутите

Катерина Ѓуровски

Америка извршила воено злосторство со нападот врз училиште во Иран, тврди ОН