Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Од:

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во попладневните часови ќе има појава на локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и ретки грмежи.

Високите температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 40 км/ч.

Во Скопје, времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Би можело да ве интересира

До крајот на оваа недела посвежо време со ниски утрински температури

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Променливо облачно, попладне локални врнежи и невреме

Претпладне променливо облачно, попладне дожд

А1он

Топло денеска, ќе има и дожд во следните денови, од вторник пониски температури

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци