ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Од:

Уставниот суд утврди дека Основниот граѓански суд Скопје не ја извршил одлуката со која на новинарката Наташа Стојановска и беше утврдена повреда на слободата на јавно изразување во врска со настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Стојановска претходно, преку правниот застапник на ЗНМ, побара судска заштита поради тоа што државата не обезбедила соодветна заштита додека известувала од Собранието, но Основниот граѓански суд и Апелациониот суд не утврдиле повреда на нејзината слобода на изразување, по што случајот стигна пред Уставниот суд. Ова е важна практика за ефективна заштита на слободата на изразување и јавно информирање, гарантирани со член 16 од Уставот.

Одговорноста сега е кај Основното јавно обвинителство и Судскиот совет. Очекуваме двете институции без одлагање да постапат по известувањето на Уставниот суд, да утврдат одговорност и, доколку се исполнети законските услови, да следуваат соодветни санкции за судијата кој не ја извршил конечната и задолжителна одлука на Уставниот суд.

Независноста на судството подразбира и одговорност и почитување на одлуките на Уставниот суд. Кога станува збор за одлука со која е утврдена повреда на уставно загарантирано право на новинар, нејзиното неизвршување не смее да остане без соодветна институционална реакција.

Внимателно ќе го следиме постапувањето на ОЈО и Судскиот совет, како и исходот од постапките што ќе следуваат, и за тоа ќе ја информираме јавноста.

Случајот на Наташа Стојановска е еден од случаите поврзани со настаните во Собранието од 27 април 2017 година, кога новинари и медиумски работници беа изложени на насилство, закани и попречување во извршувањето на нивната професионална задача, а на граѓаните им беше попречено правото на јавно информирање.

Следната година ќе се навршат десет години од настаните на 27 април 2017 година, а дел од новинарите чии права беа повредени тој ден се уште немаат конечна и ефективна правна разрешница на своите случаи. Неприфатливо е речиси една деценија подоцна новинарите и натаму да чекаат целосна институционална заштита и правда.

ЗНМ нема да се откаже од овие случаи. Продолжуваме да обезбедуваме бесплатна правна помош и адвокатско застапување за новинарите чии права биле повредени, со цел правдата најпрво да се бара пред домашните институции и судови.

Доколку домашниот правен систем не обезбеди соодветна и ефективна заштита, ќе продолжиме да ги користиме расположливите правни механизми и пред Европскиот суд за човекови права.

Повредите на правата на новинарите за време на настаните од 27 април 2017 година не смеат да останат без правна разрешница.

Поминувањето на времето не смее да доведе до неказнивост, ниту да ја намали обврската на институциите да обезбедат ефективна заштита на новинарите и слободата на изразување.

Би можело да ве интересира

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Десет години од катастрофалната поплава во населените места во општина Гази Баба

Предраг Петровиќ

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

МВР: 222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

Филипче за тврдењето дека власта го прифатила Францускиот предлог: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Предраг Петровиќ