Денес стана најскапото засилување на Реал, а сè уште ја носи болката: Дрога во пијалакот ѝ го одзеде животот на неговата сестра

Од:

Јан Диоманде денес стана најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид, но зад неговиот блескав фудбалски подем се крие длабока семејна трагедија која и понатаму го прогонува.

Деветнаесетгодишниот крилен напаѓач од Брегот на Слоновата Коска го привлече вниманието со настапите за РБ Лајпциг, а дополнително се истакна и на Светското првенство.

Токму за време на Мундијалот, преку платформата The Players’ Tribune, Диоманде ја сподели болната приказна за смртта на неговата помлада сестра Роксан.

Таа починала пред две години, на само 15-годишна возраст, откако, според неговото сведоштво, некој ѝ ставил дрога во пијалак на забава во главниот град на Брегот на Слоновата Коска, Абиџан.

„Ти беше таа што секогаш веруваше дека можам да бидам следниот Кристијано, дури и кога сите други ми се смееја“, напиша Диоманде во емотивното писмо посветено на својата сестра.

Фудбалерот открива дека таа била неговата најголема поддршка уште од деновите кога играл на песочните терени во родниот град.

Најтешкиот дел од неговата исповед е моментот кога ја дознал страшната вест.

„Некој постојано ми се јавуваше од дома. Бев нервозен бидејќи не разбирав зошто толку ме бараат. Потоа ми рекоа: ‘Сестра ти ја нема’. Прашав: ‘За што зборувате?’, а одговорот беше: ‘Почина. Некој ѝ ставил нешто во пијалакот на забава и никогаш повеќе не се разбуди’.“

Диоманде признава дека никогаш не добил одговор што точно се случило.

„Не знам дали сакам да ја знам причината. Можеби била љубомора. Можеби едноставно такви работи се случуваат во нашата земја. Можеби можев да ја заштитам. Не знам“, напиша тој.

И покрај огромната болка, младиот фудбалер вели дека токму таа трагедија му дава сила да продолжи.

„Не се обидувам да заборавам, затоа што знам дека никогаш нема да заборавам. Единствено што можам е болката да ја претворам во мотивација и да ги остварам сите наши соништа. Ќе се погрижам целиот свет да го знае твоето име“, порача Диоманде.

Младиот репрезентативец денес официјално стана најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид, во трансфер вреден 140 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Шокантниот трансфер е потврден: Откриено колку Турците ќе му плаќаат на Салах – сега е јасно зошто го избра Трабзонспор

Почина Франко Барези – замина легендата на Милан и на италијанскиот фудбал

Горан Наумовски

Германски политичар бара забрана за Инфантино на сите стадиони во земјата

Фулам договори двоен трансфер од Реал Мадрид вреден 50 милиони евра

Предраг Петровиќ

Луд ден на трансфер-пазарот: Рома донесе голгетер, Челси потроши уште 61 милион, Де Зерби најави „бомба“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Гатузо го избрка најскапиот фудбалер на Лацио од тренинг

Предраг Петровиќ