Тројца загинаa во напад со руски беспилотни летала врз регионот на Харков

Од:

Повторно на удар беше украинскиот регион Харков, каде што во текот на ноќта руски беспилотни летала го нападнаа градот Балаклија, при што загинаа три лица, соопшти Државната служба за вонредни состојби на Украина.

Според украинските власти, дроновите погодиле станбена населба, предизвикувајќи пожари во две семејни куќи. Во нападот биле оштетени и неколку околни станбени објекти.

Екипите на службите за вонредни состојби интервенирале на терен и ги локализирале пожарите, додека спасувачките и другите надлежни служби работеле на расчистување на последиците и проценка на причинетата штета.

Украинските власти соопштија дека во нападот животот го загубиле три лица, но засега не се објавени дополнителни информации за нивниот идентитет, ниту за евентуални повредени.

Ова е втор напад врз Балаклија за краток период. На 5 август, според украинската новинска агенција Укринформ, руските сили го нападнаа истиот град, при што дел од населението остана без електрична енергија поради оштетувања на енергетската инфраструктура.

Нападите врз украинските градови продолжуваат и понатаму, додека борбите меѓу двете страни не стивнуваат.

Би можело да ве интересира

Европа се подготвува за конфликт со Русија: анализата на CNN открива дека коридорот Сувалки е најранливата точка на НАТО

Бабиш: Европа не прави ништо за да ја запре војната во Украина

А1он

Француската крајна десница го менува тонот кон Москва

Кремљ ја презема руската имотна база на Nestlé и Auchan

Макрон: „Франција беше мета на руски хибридни напади“

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%