Ангелов: Спречена e атастрофа во виничко, запалена e трева при сечење со брусилица

Од:

Спречена e катастрофа во виничко, запалена e трева при сечење со брусилица, алармираше вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, апелирајќи за внимателност.

– Во текот на вчерашниот ден, лице со брусилица сечело делови од возилото зад мене. Од искрите се запалила околната трева. Пожарот бргу се проширил во околината, но благодарение на брзата реакција на виничките пожарникари, бил совладан во прва фаза. Голема благодарност до пожарникарите и апел до сите мајстори коишто работат со алат кој искри. Мајстори, бидете внимателни, доволна е искра за вистинска катастрофа. Овде катастрофата не настанала бидејќи ја спречиле пожарникарите, но што доколку огнот се проширил уште понатаму од оваа сува трева? Насекаде наоколу имаме куќи, имаме викендици, лозја и овоштарници. Доволна е искра за вистинска катастрофа – сподели тој на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Пекол во Србија: Изгоре маж

Горан Наумовски

ЦУК: До 18 часот регистрирани 14 пожари на отворено, активен е пожарот кај Грешница

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

ЦУК: До утринава регистрирани 29 пожари на отворено, два се активни

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен