МВР: Приведен е возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје – Велес

Од:

Уапсен е е возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје – Велес, следува кривична пријава, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР, денеска го лишија од слобода 39-годишниот М.Ш. од село Челопек – Тетово, кој на 2 август, околу 19:20 часот на автопат Скопје – Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ – „безобѕирно управување возило“ и ќе биде изведен пред надлежен јавен обвинител – најавија од МВР.

Од МВР апелираа до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потпишан Договор за грант од 30,8 милиони евра со ЕБОР за изградба на автопатот Скопје – Блаце

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

Нов анекс-Договор вреден 186 милиони евра за автопатот Кичево – Охрид

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски