Синдикатот алармира до работодавачите: Заштитете ги работниците од топлотниот бран

Од:

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) упати апел до работодавачите да ги почитуваат мерките за безбедност и здравје при работа поради најавените екстремно високи температури.

Од ССМ бараат да се намали или, каде што е можно, да се прекине работата на отворено во најтоплиот дел од денот, како и да се обезбедат сите неопходни средства и услови за заштита на животот и здравјето на работниците.

Синдикатот потсетува дека треба да се применуваат препораките на Институтот за јавно здравје за работа во услови на високи температури, со посебно внимание кон повозрасните работници, лицата со хронични заболувања и бремените работнички.

„Животот и здравјето на работниците се од исклучителна важност. Во услови на топлотен бран сите заеднички треба да придонесеме за нивна заштита, бидејќи работниците се двигатели на општеството“, наведуваат од ССМ.

Оттаму ги повикуваат работодавачите да покажат одговорност, истакнувајќи дека работниците се нивни партнери, а работниците ги охрабруваат да ги почитуваат мерките за безбедност и здравје при работа и да пријават доколку нивните права се прекршуваат.

Пријави за непочитување на работничките права и прописите за безбедност и здравје при работа може да се достават до ССМ на електронската адреса [email protected], како и преку мобилната апликација „ССМ – мои работнички права“, преку која може да се пријават прекршувања на законите и колективните договори.

Би можело да ве интересира

Вработените во ГТЦ протестираа: Бараат зголемување на платите за најмалку 1.600 денари

Македонија повторно меѓу најлошите земји за работничките права

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат