Нови тензии меѓу Белград и Сараево: Хелез порача дека „Дрина е граница“, Гашиќ возврати – „Никогаш нема да биде граница на српскиот народ“

Од:

Изјавата на министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, дека српскиот претседател Александар Вучиќ „научил дека Дрина сепак е граница“, предизвика остри реакции од српските власти и отвори нова политичка расправија меѓу Белград и Сараево.

Повод за изјавата беше интервенцијата на специјалната единица на полицијата на Среднобосанскиот кантон во близина на Бугојно, каде што биле забележани вооружени лица кои, според локалните власти, не биле дел од официјално пријавеното обезбедување на Вучиќ за време на неговата посета на Република Српска и делови од Федерацијата БиХ.

Хелез изјави дека полицијата реагирала по пријава од граѓани, а кога им се приближила на лицата, тие избегале. По ова порача дека Вучиќ „научил дека Дрина сепак е граница“.

Вучиќ ги отфрли ваквите тврдења, оценувајќи ги како „ноторна лага“. Тој изјави дека неговото обезбедување било целосно пријавено и дека не постоел никаков проблем за време на посетата.

На Хелез му одговори и српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ, кој порача дека „Дрина не е и никогаш нема да биде граница на српскиот народ, туку симбол на историјата, идентитетот и единството“.

Гашиќ го обвини Хелез дека постојано ја напаѓа Србија и Република Српска и оцени дека Вучиќ дошол во Република Српска за да им оддаде почит на жртвите од операцијата „Олуја“ и да испрати порака за мир, а не за да предизвика инциденти.

Според сараевските медиуми, полицијата на Среднобосанскиот кантон утврдила дека на терен имало повеќе лица отколку што биле официјално пријавени како дел од обезбедувањето на српскиот претседател. Наводно, дел од нив со квадови се оддалечиле кон шумата кога ја забележале полицијата.

Според законите во Босна и Херцеговина, обезбедувањето на странски државници мора однапред да биде пријавено до Дирекцијата за координација на полициските тела, а секое движење на полициски сили меѓу ентитетите се регулира со посебни процедури.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: „Му честитам на мојот голем пријател Милорад Додик“

Шмит предупредува: „Следната година нè очекуваат обиди на Додик за поделба на БиХ, бараме алатки за реакција“

Обложувалниците ги објавија квотите за премиер на Србија: Вучиќ апсолутен фаворит

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ново насилство: Припадници на „Студентската листа“ повторно нападнаа жени во Ваљево

Ветераните бараат да му го откажат настапот на Бајага во Пула: Градоначалникот остро им одговори

Додик прогласи убедлива победа на СНСД на сите нивоа

Предраг Петровиќ