Сопругот на италијанската министерка кој исчезна во езеро е пронајден мртов

Од:

Телото на Луиџи Кавалари (84), сопруг на италијанската министерка за семејство Еуџенија Рочела, денеска беше пронајдено во езерото Вико во италијанската покраина Витербо, повеќе од еден месец откако исчезна за време на капење.

Кавалари исчезна на 27 јуни, откако скокнал во езерото. Неговото тело утрово го пронашле полициски нуркачи по обемна потрага што траела повеќе од еден месец. Телото било извлечено на брегот, а официјалната идентификација е предвидена за вечерва. Обвинителството во Витербо наложи обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

Во потрагата учествувале експерти од цела Италија, кои го пребарувале езерото со сонари и подводни роботи, поради исклучително слабата видливост и тешките услови на дното, покриено со кал и густи алги.

Рочела, која е министерка за семејство во владата на Џорџа Мелони, и Кавалари во март годинава одбележале 50 години брак. Имаат две деца, а приватниот живот го држеле далеку од очите на јавноста. Кавалари бил инженер, универзитетски професор и академик.

Трагедијата се случила за време на нивниот престој во семејната куќа покрај езерото Вико. Според италијанските медиуми, по скокот во водата Кавалари повторно испливал на површината и рекол дека не се чувствува добро, по што исчезнал под водата.

Министерката веднаш ги повикала службите за итна помош. Неколку дена по неговото исчезнување, таа преку објава на Фејсбук им се заблагодари на сите за поддршката што ја добила во најтешките моменти.

Би можело да ве интересира

Додик прогласи убедлива победа на СНСД на сите нивоа

Предраг Петровиќ

Објавени првите резултати од изборите во БиХ и Република Српска: Кој води?

Скандал во Албанија со интимни снимки од познат композитор и жени од јавниот живот

Претседателот на Финска: Украина ја има најмодерната, најефикасната и најискусната армија

Пукање во Норвешка: Има загинати

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русите со дрон го погодија Северниот мост во Киев

Предраг Петровиќ