На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од украинскиот град Херсон, кое го прикажува моментот кога руски оператор на беспилотно летало буквално брка и напаѓа цивилен продавач на зеленчук на улица.
Во 6:30 часот наутро, во населба која локалните власти ја сметале за релативно безбедна, руски FPV-дрон се пушти во лов на цивил на пазар во украинскиот град Херсон.
Според информациите, цел на нападот бил 52-годишниот продавач Јури. Станува збор за FPV (First Person View) дрон, со кој операторот во реално време ја следи целта преку камера, што значи дека јасно може да види кого напаѓа. Видеото го прикажува дронот како кружи околу тезгата и белото комбе додека несреќниот продавач, очајно се обидува да го избегне леталото. Операторот на беспилотното летало го следел долго време и го натерал да трча околу возилото, пред да го насочи дронот директно кон него и да го детонира.
Токму поради тоа, украинските власти и бројни меѓународни организации ваквите напади ги оценуваат како намерно таргетирање цивили. Според меѓународното хуманитарно право, директните напади врз цивилно население претставуваат воено злосторство, а доколку се дел од систематска и широко распространета практика, можат да се квалификуваат и како злосторства против човештвото.
🔴 Kherson: 6:30 am, a “safe”district, a food market.
A Russian FPV drone chased, attacked and injured Yuri, a salesman, 52.
The Russian pilot can see the target. This a deliberate attack on a civilian: a war crime, crime against humanity.
Happens hourly.
📹 by Kherson Police pic.twitter.com/tm7cJMHoug
— Zarina Zabrisky 🇺🇸🇺🇦 (@ZarinaZabrisky) August 4, 2026
Јуриј во експлозијата претрпел потрес на мозокот, повреди од експлозија и повеќекратни рани од шрапнели. Тој моментално е во болница под медицински надзор, но неговиот живот е надвор од опасност. Руските војници наводно го објавиле видеото и го признале делото, отворено фалејќи се со нападите врз цивили што ги нарекуваат „сафари“.
По повод овој настан зборуваше и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој го осуди секојдневниот терор врз жителите на Херсон и ја повика меѓународната заедница да реагира порешително.
„Светот мора да го види ова. Мора да види секој доказ дека Русија полудела и дека нејзините војници уживаат во убивањето и злоупотребувањето на цивили. Без притисок врз Русија, уништување на нејзиниот капацитет за агресија и вистински безбедносни гаранции, едноставно е невозможно да се замисли дека светот може да коегзистира со ова зло. Не станува збор само за Украина. Руската кампања против човечкиот живот мора да се запре тука, пред да се прошири понатаму. Финска, Казахстан, балтичките држави, Полска, земјите од Јужен Кавказ, Романија и Молдавија, сите треба да работат заедно за да обезбедат вистински безбедносни гаранции и да ја прекинат руската војна“, заклучи тој.
