Жешкото време носи повеќе здравствени проблеми: Итната медицинска помош со рекорден број повици

Од:

Зголемен е бројот на повици во Итната медицинска помош (ИМП) поради топлото време. Дневно има повеќе од 200 повици кои се однесуваат на интервенции на јавни места поради колапси или во домашни услови поради влошување на здравствена состојба на некои граѓани, изјави Даниел Георгиевски од ИМП.

Тој посочи дека бројот на интервенции на јавни места кои се најчесто поради колапси дневно има повеќе во однос на другиот период од годината.

– Просечно интервенции на ИМП во врска со колапси има меѓу три и пет дневно, но во некои денови има и повеќе. Има повеќе повици кои се со симптоми на лошење, гадење, прегревање на телото, топлотен удар и многу често успеваме и со совет да им помогнеме на граѓаните, рече Георгиевски.

Потенцира дека кај хронично болните поради топлото време може да има кардиолошки манифестации, срцеви и мозочни удари и варирање на крвниот притисок.

– Препорачуваме од 11 до 17 часот да се избегнува директно изложување на сонце, да се консумираат доволно течности, најбитно вода, да не се консумира алкохол, ако мора да се излезе надвор да се носи полесна облека и капа на главата. Ако после подолго време изложеност на сонце се почувствуваат симптоми на вртоглавица, гадење, малаксаност треба да се влезе во климатизирани простории и да се консумираат повеќе течности. Потребно е да се внесува полесна храна, готвена храна, со помалку калории, хронично болните редовно да ја земаат терапијата и да го мерат крвниот притисок, а дијабетичарите да го мерат шеќерот во крвта. За жал одредена популација не ги применуваат препораките за топлото време, додаде Георгиевски од ИМП.

Би можело да ве интересира

Надлежните предупредуваат: До 7 август екстремни горештини – почитувајте ги мерките за заштита

Жешкото време продолжува: Македонија под удар на температури до 40 степени

Чести одмори под сенка, да се избегнува масна храна и алкохол, да се внесува доволно вода – препораки од ИЈЗ за топлото време

А1он

Горештините носат ризик: Внимавајте што јадете и како ја чувате храната

Денеска сончево и топло со температура до 39 Целзиусови степени

Топол бран до крајот на следната седмица, од среда температури над 40 степени