Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење

Од:

Пожарот во кавадречко повторно е реактивиран и проширен на тешко пристапен терен, информира денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Тој додаде дека два „ер трактори“ на ДЗС започнале со дејство.

На лице место е и градоначалникот на Кавадарци Јанчев, информира Ангелов.

Јанчев, пак, на Фејсбук објави дека поради високите температури и силниот ветер, пожарот во околината на село Раец повторно се разгорел и состојбата останува сериозна.

-Сите расположливи екипи се на терен и вложуваат максимални напори за локализирање на огнената стихија. Во гаснењето се вклучени пожарникарите, екипите на Дирекцијата за заштита и спасување со воздушна поддршка со два авиони, припадници на Министерството за внатрешни работи, Граничната полиција, како и екипи од Шумско стопанство – Кавадарци – истакна градоначалникот.

Тој додаде дека борбата со огнот продолжува без прекин, а сите служби координирано и пожртвувано работат за да се спречи понатамошното ширење на пожарот.

-Апелираме до граѓаните да не се движат во загрозените подрачја, да ги почитуваат насоките на надлежните служби и веднаш да пријават доколку забележат ново жариште или сомнително однесување – истакна Јанчев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот во кавадаречко се шири кон Тиквешко Езеро, ќе биде тешко да се локализира

Горан Наумовски

Двајца загинати во судирот на два хеликоптери додека го гаснеа големиот пожар во Грција

А1он

(ВИДЕО) Пожар на индонезиски траект – петмина загинати, 41 исчезнат

А1он

(ВИДЕО) Пожар во ТЦ Лептокарија во Скопје – се запали угостителски објект

А1он

Пожар во двор и на улица во Габрово – полицијата уапси жител на селото

Горан Наумовски

Драматична состојба на Крит: Пожарот неконтролирано напредува