Иран погуби двајца мажи кои беа обвинети за шпионажа

Од:

Иранските власти погубија двајца мажи осудени за шпионажа во корист на Израел, објавија денес иранските медиуми.

Извештаите велат дека „Омид Бехзад и Пурија Сафват, двајца платеници на ционистичкиот режим“, испратиле координати, слики и информации за воените и безбедносните центри до офицерите на Мосад за време на Рамазанската војна и Дванаесетдневната војна, објави иранската новинска агенција Фарс.

Се вели дека погубените мажи добиле значителна помош во извршувањето на нивните задачи преку комуникациски канали поврзани со израелската разузнавачка служба, Мосад.

Во една од пораките, еден од обвинетите му се заблагодарува на Мосад.

„Имам и видео од нив како пукаат кон дрон или борбен авион, но интернетот е слаб и не можам да го испратам. Ви благодарам, војници на Неговата Светост Мојсеј“, се вели во пресретната порака испратена до центарот на Мосад од еден од обвинетите.

Би можело да ве интересира

Израелски суд му забрани на министерот Гвир да користи крокодили за чување осомничени за тероризам

Конфликт во врвот на израелската армија: Министерот за одбрана го смени клучниот командант

Саудиска Арабија спречи нова ескалација меѓу САД и Иран

Нови тензии покрај брегот на Оман

Израел нема да се повлече од Појасот Газа

Багеи: Не преговараме со САД