Постои присуството на Pseudomonas aeruginosa во водата за пиење. Овие бактерии ја прават водата микробиолошки неисправна и небезбедна за консумирање бидејки се опасни за здравјето, особено за луѓе со слаб имунитет, изјави денеска директорот на ДСЗ, Стојанче Ангелов.
– Предизвикуват инфекции на кожата, очите и ушите. Може да доведат до инфекции на уринарниот тракт и белите дробови кај чувствителни лица. Имаат висока отпорност на многу вообичаени лекови и антибиотици. Денеска се ангажирани 3 цистерни со питка и техничка вода за потребите на Гостивар. Едната на ТППЕ Гостивар, една на Бехтел и Енка и една од Боговиње. Истите до сега по два пати се упатени кон граѓаните и се планира до вечерва да бидат пратени уште со по два турнуса на дотур. Дистрибуцијата се врши во тесна координација со Општинскиот штаб за заштита и спадување на Општина Гостивар, нагласи Ангелов.
