Блискиот Исток на раб на нова ескалација: Продолжуваат судирите меѓу САД и Иран

Од:

Јорданската воздушна одбрана собори пет ракети лансирани од Иран, објави државната новинска агенција Петра на Јордан. Овој потег дојде само неколку часа откако американската војска соопшти дека го завршила „масовниот бран напади врз Иран“ како одговор на претходниот ирански ракетен напад врз американската база во Јордан, објави АП.

Централната команда на САД (Centcom) соопшти дека САД нападнале „десетици“ цели што припаѓаат на Иранската револуционерна гарда, вклучувајќи воени командни центри, ракетни и беспилотни летала, крајбрежни објекти за надзор и одбрана.

Иранските државни медиуми објавија дека две лица се повредени во нападите на островот Кешм во Ормутскиот теснец и дека се пријавени експлозии во северозападната покраина Хузестан.

Војската на Кувајт соопшти дека иранскиот напад врз зградата на кинеска компанија на северот од земјата уби еден работник, неколку часа откако јорданската воздушна одбрана собори пет ракети лансирани од Иран. Нападот ја оштети зградата на кинеската компанија.

Centcom соопшти дека „успешно извршил моќен бран напади врз Иран“ како одговор на претходните „обиди за ракетни напади врз американските сили“.

„Десетици цели на Револуционерната гарда во Иран беа погодени, вклучувајќи воени командни центри, инфраструктура за ракети и беспилотни летала, крајбрежни објекти за надзор и одбрана, како и поморски капацитети“, се вели во соопштението.

Саудискиот министер за одбрана, Халид бин Салман, се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс, изјавија два извори запознаени со ова прашање. Тие рекоа дека одлуката на Саудиска Арабија да се придружи на американските напади врз ирачките милиции имала за цел да испрати порака до Иран дека нема да толерира земјата или нејзините сојузници да ја таргетираат саудиската нафта и другата критична инфраструктура. Министерот за одбрана им кажал на Трамп и на Венс дека Саудијците сакаат да видат деескалација на војната и Вашингтон и Техеран да се вратат на разговорите.

Танкерот за течен природен гас „Ал Ариш“, управуван од „Катар Енерџи“, го напушти Ормускиот теснец преку ноќ, првиот брод од таа земја регистриран во податоците за следење на бродови што го напуштил теснецот од 11 јули, според податоците од аналитичките фирми.

Во меѓувреме, танкерот „Ал Ариш“, кој натоварил товар на терминалот Рас Лафан во Катар на почетокот на јули, безбедно го напушти Ормускиот теснец и плови кон Порт Касим во Пакистан. Дванаесет комерцијални бродови поминаа низ Ормускиот теснец завчера, при што шест влегоа и шест излегоа, додека 19 бродови поминаа низ теснецот Баб ел-Мандеб помеѓу Црвеното Море и Аденскиот Залив, што е помалку од транзитите од почетокот на неделата. Пловењето низ овие теснеци е опасно поради дејствијата во овие области, од страна на Иран во Хормуз и нивните сојузници Хути во Баб ел-Мандеб.

Би можело да ве интересира

Пентагон започна ревизија на силите во Европа, во фокусот е Кина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Повторно одмазда со ракетен напад, Техеран тврди дека уништил авиони Ф-35

Предраг Петровиќ

Три експлозии го потресоа островот Кешм во Иран, ракета погоди станбена зона

(ВИДЕО) Америка изврши одмазднички напади врз Иран

Горан Наумовски

Цените на нафтата повторно во нагорна линија: Ескалацијата на Блискиот Исток ги вознемири пазарите

Вашингтон ги заострува мерките кон Кина, Пекинг најавува контрамерки