Тренерот на Лацио, Џенаро Гатузо, го отстрани Кенет Тејлор од утринскиот тренинг во четврток, по жестока расправија меѓу двајцата.
Снимката објавена од Radio Laziale покажува како Гатузо ја прекинува тренинг-сесијата, нервозно гестикулира кон холандскиот играч за врска и му наредува веднаш да го напушти теренот и да замине во соблекувалната.
Според Radio Laziale, на инцидентот му претходела остра вербална расправија меѓу тренерот и фудбалерот. По неколку разменети зборови, Гатузо го прекинал тренингот, му пришол на Тејлор и му наредил да ја напушти екипата.
Холандскиот репрезентативец го соблекол тренинг-маркерот и без дополнителни реакции се упатил кон соблекувалната. Засега не е познато што точно го предизвикало конфликтот.
‼️Kenneth Taylor è stato allontanato dall’allenamento di questa mattina, dopo un battibecco con Gattuso.#RadioLaziale#SSLazio pic.twitter.com/KcMBG4GeHn
— Radio Laziale (@RadioLaziale) July 30, 2026
Гатузо беше назначен за тренер на Лацио кон крајот на јуни, кога на клупата го наследи Маурицио Сари. Пред тоа ги предводеше Хајдук Сплит, со кој ја заврши сезоната на третото место во хрватското првенство, а потоа и италијанската репрезентација, со која не успеа да избори пласман на Светското првенство.
Кенет Тејлор пристигна во Лацио од Ајакс во јануарскиот преоден рок за околу 17 милиони евра. Досега одигра 21 натпревар за римскиот клуб, постигна три гола и запиша две асистенции.
Минатата сезона со Лацио стигна до финалето на Купот на Италија, каде што тимот беше поразен од Интер со 2:0. Според специјализираниот портал Transfermarkt, Тејлор моментално е највредниот фудбалер на Лацио со проценета вредност од 25 милиони евра.
