Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија

Од:

Арбен Фетаи е назначен за специјален пратеник за Европската Унија со седиште во Брисел, објави самиот тој на социјалните мрежи, информирајќи дека одлуката била донесена на вчерашната седница на Владата.

Во својата објава, Фетаи наведува дека новата функција претставува голема чест, но и сериозна одговорност, истакнувајќи дека негова задача ќе биде да придонесе кон унапредување на процесот на евроинтеграција на земјата, зајакнување на политичката поддршка во институциите на Европската Унија и земјите членки, како и надминување на политичките и дипломатските предизвици на патот кон членството.

„По долгата кариера во Брисел и стекнатото искуство во Владата на Република Северна Македонија, ја преземам оваа должност со целосно убедување дека иднината на нашата држава е во Европската Унија. Му благодарам на премиерот и на Владата за довербата. Патот кон Брисел продолжува“, напиша Фетаи.

Фетаи претходно ја извршуваше функцијата заменик-претседател на Владата задолжен за политики за добро владеење. На 10 јуни годинава Собранието ја констатираше неговата оставка на оваа функција.

Неговиот мандат како вицепремиер беше проследен со критики од дел од јавноста и опозицијата, кои тврдеа дека не присуствувал редовно на работа, иако примал плата. Од негова страна тогаш немаше јавно прифаќање на ваквите обвинувања.

Со новото назначување, Фетаи ќе ја претставува државата во Брисел со фокус на интензивирање на комуникацијата со европските институции и поддршка на евроинтеграцискиот процес.

Би можело да ве интересира

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Бернам: Очекувам договор со ЕУ што ќе донесе придобивки и за Британија и за Европа

Фицо: Конечно се разбуди Европа – ќе има делегација за преговори за Украина

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он