СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

Од:

Сè уште немаме документи. Сè уште немаме анализи. Сè уште немаме потпис и печат. Кој ги правел анализите на водата во Гостивар? Кои се резултатите? Кој потпишал и кој гарантира дека водата е технички чиста и безбедна за капење? Не можеме да веруваме само на изјава на Мицкоски. Знаеме колку лаже, нагласуваат од СДСМ.

– Не можеме да веруваме ни на министерот за полиција кој се занимава со водоснабдување и хиперхлорирање наместо со криминал и корупција. Бараме јасно: Кој стои зад одлуката со свој потпис и печат? Која институција им гарантира на граѓаните чиста техничка вода?

Денес бараме одговор. Затоа што еднаш веќе ги криеја резултатите. И тоа доведе до над 4.000 заразени и појава на епидемија на жолтица во Гостивар. Во име на граѓаните на Македонија и на Гостивар, бараме денес одговор, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Епидемијата стивнува: Во Гостивар регистрирани само 71 новопрегледан пациент

Водата во Гостивар била загадена и во времето на Филипче, обвинија и премиерот и шефот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Клековски: Се смирува епидемијата во Гостивар

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски