Ѓорѓиевски: Учениците од прва година од средните училишта во Скопје првпат ќе добијат бесплатни униформи

Од:

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека учениците во прва година од средните училишта, за првпат ќе добијат бесплатни униформи.

-Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме мерка со која создаваме порамноправна, побезбедна и попријатна средина за сите ученици. За првпат, секој ученик запишан во прва година во средните училишта ќе добие бесплатна училишна униформа – вели Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.

Тој посочува дека со оваа мерка ќе ги намалат социјалните разлики, го олеснат финансискиот товар на семејствата и ќе им овозможат на учениците целосно да се насочат кон она што е најважно – образованието, личниот развој и градењето на својата иднина.

-Униформите ќе придонесат и за воспоставување еднаков и достоинствен кодекс на облекување, практика која со години се применува во голем број современи образовни системи. Со низа конкретни мерки го претвораме училиштето во вистинска основа за знаење, успех и иден кариерен напредок. Во средина во која секое дете ќе се чувствува прифатено, почитувано и еднакво, без разлика на економскиот статус на неговото семејство. Затоа што вредноста на еден ученик не се мери според облеката што ја носи, туку според знаењето, карактерот и соништата што ги гради. Влогот во најмладите е влог во иднината! – вели градоначалникот на Скопје.

Ѓорѓиевски порачува дека училиштето треба да биде место каде што младите ќе се натпреваруваат во знаење, труд и успех, а не во тоа кој носи поскапа облека и чии родители имаат поголема финансиска моќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува

Горан Наумовски

Левица: Европската престолнина на културата претставена со „Св. Сава“ и Букефал со пет нозе – Орце продолжува да го брука Скопје

Горан Наумовски

Над 11.000 слободни места ги чекаат учениците во вториот уписен рок

Ѓорѓиевски: Тендерот за автобуси е реобјавен

А1он

Јаневска: Со законските измени ќе се санкционираат родителите чии деца се насилни