Багеи: Иран нема да молчи за украинскиот напад врз нашиот брод

Од:

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес го осуди нападот на Украина врз ирански брод во Каспиското Море, наведувајќи дека Иран нема да молчи за овој нелегален чин, објави новинската агенција ИРНА.

Багеи на прес-конференција изјави дека нападот е чин спротивен на Повелбата на Обединетите нации и опасен авантуризам.

Министерството за надворешни работи на Иран претходно изјави дека нападот, кој се случил во раните утрински часови пред два дена, предизвикал експлозија на бродот и претставува кршење на член 2, став 4 од Повелбата на Обединетите нации, како и чин на агресија што може дополнително да го прошири конфликтот.

„Нападот на украинските сили врз ирански трговски брод во Каспиското Море е продолжение на непријателскиот и неразумен пристап на режимот кон Исламската Република Иран“, се вели во соопштението на иранското Министерство за надворешни работи на својот канал Телеграм.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) САД истрелаа над 60 ракети „Патриот“ за одбрана од ирански напад во Јордан

Драма кај Оман: Проектили погодија два брода, еден се запали

(ВИДЕО) Русија повторно го нападна Киев: Погодена е деветкатница, има повредени

Иран им нанесе голема штета на Американците во Бахреин: „Немавме каде да се закотвиме“

Крвав напад во Суми: Загинаа момче и девојка, над 20 лица се повредени

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“