„Фајненшл тајмс“: ЕУ размислува да се откаже од големите пакет – санкции против Русија

Од:

Европската Унија би можела да се откаже од усвојувањето на големи пакети санкции против Русија поради зголемените тешкотии во постигнувањето договор меѓу земјите-членки, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на европски претставници.

Според весникот, Брисел разгледува нов пристап кон политиката на рестриктивни мерки, откако усвојувањето на 21-от пакет санкции беше одложено поради ставот на Грција, која се спротивстави на воведувањето ограничувања за рускиот течен природен гас (ЛНГ).

– Ова би можел да биде последниот пакет санкции. Сега стана очигледно дека овој пристап повеќе не функционира, изјави извор за „Фајненшл тајмс“.

Тврдењата за можна промена на пристапот доаѓаат во време кога повторно се водат дискусии во рамките на ЕУ за ефикасноста на сегашната политика на санкции кон Русија и можноста за постигнување единство меѓу земјите-членки за нови рестриктивни мерки.

Би можело да ве интересира

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

Исландската опозиција ѝ порача на ЕУ: Не се мешајте во нашиот референдум

Путин нареди зголемување на вооружените сили

Москва: Потезите на Молдавија, по налог на западните ментори, ќе наидат на асиметричен руски одговор

Путин: Русија е подготвена да ги брани своите интереси, ќе го победиме непријателот

ВИДЕО: Не бевме неподготвени, прогнозата беше погрешна, сведочи еден од преживеаните босански алпинисти