Москва: Потезите на Молдавија, по налог на западните ментори, ќе наидат на асиметричен руски одговор

Од:

Руското Министерство за надворешни работи објави дека иницијативите на Кишињев насочени кон прекинување на врските со Москва ќе добијат соодветен, но не нужно симетричен одговор.

„Што друго ќе се обидат да спроведат молдавските власти, по наредба на нивните западни ментори, останува да се види. Едно е јасно – сите овие мерки се насочени кон прекинување на меѓусебно корисните врски со нашата земја. Исто така е очигледно дека сите тие ќе добијат соодветен, не нужно симетричен одговор“, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесува РИА Новости.

Руското министерство оцени дека односите меѓу Москва и Кишињев во моментов се на најниско ниво од воспоставувањето дипломатски односи во 1992 година.

Според руското Министерство, молдавските власти, предводени од претседателката Маја Санду и владејачката партија Акција и солидарност, го продолжуваат својот курс на постепено дистанцирање од Русија и повлекување од договорите во рамките на Заедницата на независни држави.

Би можело да ве интересира

Путин нареди зголемување на вооружените сили

Путин: Русија е подготвена да ги брани своите интереси, ќе го победиме непријателот

ВИДЕО: Не бевме неподготвени, прогнозата беше погрешна, сведочи еден од преживеаните босански алпинисти

Русите нападнаа изложба на оружје во близина на Киев, има мртви и ранети

Фолкер Турк се соочува со отпор од Москва и Тел Авив за нов мандат

Началникот на американскиот Генералштаб: Русија не е пријател на САД