Финансиската полиција откри даночно затајување од 3,85 милиони денари при увоз на текстил

Од:

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против управител и сопственик на правно лице и против самото правно лице поради сомнение за даночно затајување. Според наводите, во периодот 2024-2025 година не бил пријавен и платен законскиот надоместок за отпад од увезен текстил во износ од 3.852.067 денари, со што бил оштетен Буџетот на државата.

Како што соопштуваа од Управата, првопријавениот Т.Д., во својство на управител на второпријавеното правно лице, свесно и со однапред утврдена намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правното лице, во периодот 2024–2025 година, постапувајќи спротивно на членовите 23 и 54 од Законот за управување со дополнителни текови на отпад, за увезениот текстил од страна на второпријавеното правно лице не пријавил и не платил надоместок за отпад кон Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, во вкупен износ од 3.852.067 денари.

– Со цел да го прикрие непријавувањето и неплаќањето на законскиот надоместок, првопријавениот на 17.4.2026 година покренал постапка за ликвидација на второпријавеното правно лице пред Централниот регистар на Република Северна Македонија – велат од Управата.

Оттаму дополнуваат дека со наведените дејствија, пријавените го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија за вкупен износ од 3.852.067 денари.

Би можело да ве интересира

Вработен на Меѓународниот Универзитет Тетово украл над три милиони денари што ги уплаќале студентите

Катерина Ѓуровски

Финансиска полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над 4,6 милиони денари

Кривични пријави против сопствениците и управителите на две фирми, впишале недовршените објекти во Агенцијата за катастар и незаконски се стекнале со над 50 милиони денари

Финансиската полиција откри даночно затајување од 7,4 милиони денари

Кривична против екс претседателот на Стоматолошката комора, склучувал договори за лиценци со непостоечки здруженија

Финансиска поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми