Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Од:

Денес, со длабока почит и пиетет, се сеќаваме на жртвите од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година. Тој трагичен ден остави неизбришлива болка, но истовремено покажа дека кога сме обединети, можеме да ги надминеме и најголемите предизвици – порача премиерот Христија Мицкоски во објава на социјалните мрежи.

Солидарноста што тогаш ја покажаа граѓаните и помошта што пристигна од целиот свет, посочува Мицкоски, засекогаш го вградија Скопје меѓу градовите што ја претворија трагедијата во симбол на надеж, достоинство и заедништво.

– Денес наша обврска е да го чуваме тоа наследство, да градиме посилна, побезбедна и поразвиена држава, во која животот, безбедноста и доброто на граѓаните ќе бидат највисок приоритет. Нека е вечен споменот на сите што ги загубија животите. Скопје памети. Македонија не заборава – напиша Мицкоски на својот фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци

Кривичен: Осудениот Јане Боваровски за „Ласкарци“ согласно пресудата на Врховниот суд се ослободува од понатамошно издржување на казната затвор до донесување на нова одлука

Мицкоски пред Атлантскиот совет: За членство во ЕУ треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово