Винисиус Жуниор се сели во Арсенал?

Од:

Угледниот „Атлетик“ и нивниот главен фудбалски новинар, Дејвид Орнштајн, објавија информации што би можеле да го разбранува фудбалскиот пазар – Арсенал размислува да го доведе Винисиус Жуниор во Лондон!

„Топџиите“ сакаат да го засилат тимот по најдобрата сезона во историјата на клубот, во која ја освоија Премиер лигата и играа во финалето на Лигата на шампионите, а најголемата промена ќе биде на левата крилна позиција.

Леандро Тросар си замина, Христос Колис пристигна, но доаѓањето на суперѕвездата на Реал Мадрид би било полн погодок.

„Атлетик“ пишува дека бразилскиот репрезентативец е високо на листата на кандидати што клубот од северен Лондон ги разгледува за засилување на нападот. Сепак, интересот е сè уште во рана фаза и нема гаранции дека ќе се претвори во конкретен трансфер.

Досега немало преговори меѓу клубовите, но идејата за негово вклучување има поддршка на сите нивоа во Арсенал.

Винисиус Жуниор влезе во последните 12 месеци од својот договор по осум сезони поминати во Реал Мадрид, а преговорите за продолжување на соработката сè уште не бележат напредок, иако претседателот Флорентино Перез постојано уверува дека сè ќе биде договорено.

Реал Мадрид секако не сака да дозволи еден од своите најдобри играчи да си замине без обештетување, особено со оглед на тоа што следната сезона треба да му исплатат значителен бонус за лојалност.

Винисиус остави одличен впечаток на Светското првенство, играјќи на сите пет натпревари и постигнувајќи четири гола, но тимот на Карло Анчелоти беше елиминиран од Норвешка во осминафиналето.

Во сезоната 2025/2026 постигна 22 гола во сите натпреварувања за Реал Мадрид, кој ја заврши втората сезона по ред без трофеј.

Во Примера го освоија второто место, со осум бода помалку од Барселона.

Вини пристигна во Реал Мадрид во 2018 година од Фламенго и одигра 375 натпревари постигнувајќи 128 гола и запишувајќи 100 асистенции.

Англиските медиуми вчера исто така објавија дека Арсенал го сака Хулијан Алварез и дека се подготвени да му понудат на Атлетико Мадрид 100 милиони евра и Виктор Ѓокереш.

Би можело да ве интересира

Арсенал нуди 100 милиони евра и Ѓокереш за аргентинската ѕвезда

А1он

Поради трансферот во Реал, сопругата на Кукуреља добива смртни закани

А1он

Жозе Мурињо е новиот тренер на Реал Мадрид

А1он

Атлетико одби од Реал Мадрид понуда од 150 милиони за Хулијан Алварез

А1он

Папата Лав XIV доби дрес на Реал Мадрид со неговото име и број еден

А1он

Романо: Реал се договори со „специјалниот“

А1он