Уапсен е службеник во Агенција за вработување – барал мито од прилепчанец за да не му ја укинат социјалната помош

Од:

МВР информира дека вчера во 17:15 часот во Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода Д.Т.(50) од Прилеп, вработен во Агенција за вработување, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп”.

Според пријавеното, тој на 47-годишно лице од Прилеп, невработено и примател на социјална помош, од април до јули во неколку наврати побрал и примил поткуп за да не му ја укинат социјалната помош затоа што од здравствени причини одбил работно место во фабрика во Битола.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети од кривичното дело.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Голем дефект на водоводна цевка ја поплави прилепската противпожарна единица

Агенцијата за вработување нерамномерно распределила 23 милиони евра

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор